четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Вардар ќе селектира млади играчи од своите школи за пополнување на кадетскитe тимoви

Вардар продолжува да ги пополнува сопствените редови на младинските екипи со скаутинг на оние деца кои настапуваат во Ракометната академија на Вардар.

vardar-2-640x379

Последни вести

За следната сезона, 2016/2017 сега ќе се избираат најталентираните и перспективни играчи од генерацијата 2000/2001 кои в година треба да настапуваат во кадетската екипа и во младинската лига.

Ќе има тренинзи на сите школи и најдобрите играчи од секоја екипа, кои ќе бидат под надзор на тренерите на Вардар. Тие ќе го дадат своето мислење, кои ќе го поминат строгиот филтер за пополнување на местата во екипата. Со оглед на тоа што сезонава сите имаа натпревари во Вардар јуниор лигата и настапи на турнири останува својот напредок играчите да го потврдат и пред стручните лица на клубот.

Селекцијата на машки и девојчиња од генерацијата 2000/2001 ќе се одржи во СЦ Кале во периодот од 12 до 14 мај 2016 година, и тоа според следниот план.

четврток (12.05) – тренинг од 18,30 ч. (женски)

четврток (12.05) – тренинг од 20 ч. (машки)

петок (13.05) – тренинг од 18,30 ч. (женски)

петок (13.05) – тренинг од 20 ч. (машки)

сабота (14.05) – полуфинални натпревари од Вардар јуниор лигата (СЦ Јане Сандански, мала сала)

Тренинзите на машките кипи ќе ги водат: Раул Гонзалез, Давид Камара, Слободан Чивлачки, Кристијан Гршевски, Зоран петковски, Стојан Петрушевски, Пепи Манасков и Аце Станковски.

Тренинзите на женските екипи ќе ги водат: Индира Кастратовиќ, Давид Камара, Симе Симовски, Александар Царчев, Билјана Пецевска, Анжела Платон, Александра Кузмановска и Драга Ристова.

Најчитани вести