Полјаците покренаа иницијатива за забрана на Соросовите фондации во земјата

Полјаците покренаа иницијатива за забрана на Соросовите фондации во земјата
Полјаците покренаа иницијатива за забрана на Соросовите фондации во земјата

Полјаците покренаа петиција во која бараат забрана за работа на Соросовите фондации во земјата. Полјаците покренаа петиција со која сакаат да ја прекинат работата на сите организации поврзани со Сорос во Полска, како што се Refugess Welcome Polska, Hate Stop, Foundation Batorego, итн. На 9 мај беа собрани 14.136 потписи, пишува „Пулс 24

На познатиот финансиер Џорџ Сорос не му се допаднаа владите на многу земји. Во зависност од тоа, фондации и организации поврзани со него, многу пати беа вклучени во соборувањето на режимот во вид на револуции и промена на националноста во Европа.

Денес, активностите финансирани од страна на организациите на Сорос се забранети во Руската Федерација. Полјаците, исто така, започнаа петиција со која сакаат да ја прекинат работата на неговите фондации во Полска.

Причината за ваквата петиција се должи на активностите на фондацијата Стефан Батори, за која американскиот финансиер распределил 150 милиони злоти (околу 40 милиони долари) за борба против хомофобијата, антисемитизмот, ксенофобијата и сите форми на дискриминација.

Разни левичарски организации можат да аплицираат за грант за да се промовираат целите за деградација на националниот суверенитет во Соросовите организации.

Исто така, Сорос неодамна започна проект во Полска наречен „Бегалци, добредојдовте во Полска“, програма за доаѓање на бегалци и мигранти во Полска која содржи инструкции да ја постигнат својата цел за влез во Полска и нудење на финансиска поддршка која би можеле да добијат од Фондацијата за бегалци на Сорос.

Проектот за исламизација на Европа, Сорос го поддржува долго време и има изнесено план за да обезбеди средства за финансирање на имиграција за исламски мигранти од Блискиот Исток и Африка за да се промени националната структура на европските земји. Полска со тешката политика кон мигрантите му стои на патот на проектот на Сорос.

Токму затоа, Полска се најде на удар од масовно организирани протести и надворешен притисок. Но, сѐ уште не попушта пред притисокот на Сорос. Петицијата можете да ја видите на следниот линк http://petitiongo.org/pl/petition/zdelegalizowac-w-polsce-dzialalnosc-wszystkich-fun