Изложба на слики од Маријета Сидовски во Прилеп

Изложба на слики од Маријета Сидовски во Прилеп
Изложба на слики од Маријета Сидовски во Прилеп

Во галеријата од ЦК ,,Марко Цепенков“ во Пприлеп, утре во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики ,,За тебе љубов моја“ од Маријета Сидовски. Уметницата ќе се претстави со дела изработени во комбинирана техника на харија (димензии 20×20) создадени 2014/2015 година.

Таа е родена во Нови Сад, во 1973. Дипломирала во 1998 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, Македонија, во класата на проф. Душан Перчинков. Постдипломски студии завршува на Факултетот за применета уметност во Белград, србија, одсек за конзервација и реставрација на штафелајно сликарство под менторство на проф. Светислав Николиќ, во 2010. Во 2005 и 2010 година престојува во Париз и Бетон, Бретања, Франција; во 2005 престојува во Њујорк, САД; во 2005 учествува на V- ти Франкофонски игри во Ниамеи, Нигер, Африка. Од 2005 година работи во Музеј на современата уметност во Скопје, Македонија, како конзерватор. Остварила 35 самостојни представувања во земјава и странство. Учесник е на повеќе од 60 групни интернационални изложби и уметнички колонии во земјава и странство. Награди: 2004 Златна цигла, Галерија Подрум, Нови Сад, награда за најдобра изложба по мислење на публика 2008 Димитар Кондовски, награда за сликарство, ДЛУМ 2012 Вангел Коџоман, награда за сликарство мал формат.