Анкета на „Павел Шатев“: Граѓаните немаат доверба во работата на Јанева

Bо периодот помеѓу 6 и 8 мај 2016 година, институтот Павел Шатев спроведе телефонска анкета на 1. 070 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во Република Македонија. Денеска е објавен третиод дел од анкетата во врска со прашања околу работата на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и улогата на меѓународната заедница во решавањето на политичката криза во земјава.

Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина. Со оглед дека целта на анкетата  беше да се дознаат перцепциите на граѓаните кои во најголем дел гласаат за двете најголеми партии во Република Македонија, односно за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во анкетата не беа вклучени испитаници Албанци, со оглед дека тие генерално гласаат за етничките албански партии. Сите останати етнички заедници беа вклучени во истражувањето, се вели во соопштението на институтот „Павел Шатев“.

1

2

3

 

Според одговорите може да се забележи дека 60,9 отсто од испитаницитеотсто имаат негативно мислење за Јанева, додека  21,7 отсто имаат позитивно мислење за неа. Слично е и со довербата во нејзината работа. 60 отсто од испитаниците немаат доверба, а 25,2 имаат доверба во тоа што го спроведува.

Во однос на прашањето дали меѓународната заедница придонесува во изнаоѓање на решение за кризата, 54,4 отстоод испитаниците се изјасниле негаттивно, додека 21,1 отсто сметаат дека таа придонесува во изнаоѓање на решение.