сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Штајнмајер: Кога Турција ќе ги исполни сите услови, ќе ги укинеме визите

Штајнмајер на прес-конференцијата во германското Министерство за надворешно работи рече дека „Турција мора да го промени законот за антитероризам“.

Штајнмајер: Кога Турција ќе ги исполни сите услови, ќе ги укинеме визите

Штајнмајер: Кога Турција ќе ги исполни сите услови, ќе ги укинеме визите

Последни вести

Турција треба да ги исполни сите 72 услови кои и ги постави ЕУ доколку сака во земјата да се воведе безвизен режим, изјави денеска министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмајер.

Коментарот следеше по изјавата на турскиот министер за односи со ЕУ кој тврди дека Турција ги исполнила сите критериуми, додавајќи дека „договорот неоправдано се одложува“.

Штајнмајер на прес-конференцијата во германското Министерство за надворешно работи рече дека „Турција мора да го промени законот за антитероризам“, пренесува Танјуг.

ЕУ бараше од Турција да „ја стесни дефиницијата за терористи и терористички чинови, бидејќи врз основа на постојниот закон на мета можат да бидат новинари и политички десиденти.

-Топката е на теренот на Турција, нагласи Штајнмајер и додаде дека со задоволство ќе го исполни својот дел од договорот и ќе се продолжи процесот на визна либерализација кога Турција ќе ги исполни своите обврски.

Најчитани вести