Словенија примила 28 мигранти како дел од договорената квота

Во рамки на планот на ЕУ за поделба на мигранти меѓу земјите членки според договорените квоти, Словенија примила 28 мигранти.

– Меѓу мигрантите се наоѓаат цели семејства и поединци од Ирак и Сирија кои ќе бидат сместени во прифатен центар во Љубљана, изјави портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Весна Митриќ.

Словенија се обврзала дека ќе прифати 587 мигранти, веројатно во групи од по 50 лица до август 2017 година.

Во септември минатата година повеќето лидери на 28-те земји на ЕУ прифатија план за распределба на околу 160.000 мигранти од Грција и Италија низ државите-членки, со цел да го „поделат товарот“.