Федерер елиминиран во рана фаза на Мастерсот во Рим

Федерер елиминиран во рана фаза на Мастерсот во Рим
Федерер елиминиран во рана фаза на Мастерсот во Рим
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер беше елиминиран во третото коло на Мастерсот во Рим од младиот Австриец Доминик Тим со 2-0.

Во мечот кој траеше еден час и 20 минути, првиот сет беше одлучен во тај-брејк (7:2), а вториот заврши 6:4.

Сега меѓусебниот резултат е 1-1 во мечеви.

Во четвртфиналето Тим ќе игра со победникот од мечот Ришар Гаске (Франција) – Кеи Нишикори (Јапонија).

Мастерсот во Рим се игра за награден фонд од 2,4 милиони евра.