четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 51

Лесна вечера: Медитерански сендвичи

sen-123

Последни вести

Ги обожаваме зашто се приготвуваат брзо, се јадат во друштво, се „бакнуваат“ со лесно бело вино и само штом ќе ја почувствуваме нивната миризба расположението значително ни се поткрева.

За да ги приготвите потребнно е: 1 интегрален леб на парчиња, 500 грама домати, 250 грама моцарела, 100 грама полнети маслинки, оригано, босилек, мелен црн пипер, маслиново масло, лук во прав, рока или рузмарин.

Подготовка:

Наредете ги лепчињата во тава за печење, па врз нив нанесете парчиња домати и моцарела. Врз секое лепче ставете по две цели маслинки, попрскајте со маслиново масло и наросете ги зачините. Ставете ја тавата во рерна и печете 10 минути на температура од 180 степени. Декорирајте со ливчиња рока или рузмарин. Послужете ги топли.

Најчитани вести