Хигиеничар силувал сириски деца во бегалски камп во Турција

Најмалку триесет деца од Сирија биле силувани од страна на хигиеничар во бегалски камп на југоистокот на Турција, јавуваат турските медуми.

Весникот „Бир Гун“ објави дека момчињата се на возраст од осум до 12 години, а биле злоставувани во периодот од септември 2015. година.

Силувачот чии иницијали се Е.Е., како што пренесува весникот , плаќал за овие „услуги“ од 2 до 5 турски лири, односно од 0,68 до 1,69 долари.

Обвинувањата испливале на виделина, откако семејствата на осум деца поднеле тужба, пренесува весникот.

Оттаму се наведува дека скандалот бил откриен откако воените лица забележале дека Е.Е. ги носи децата во делови на кампот кои не се покриени со камера. Децата подоцна детално опишале како биле силувани во тоалетите.

Во текот на истрагата Е.Е. признал дека ги убедил децата на сексуални однси во замена за паричен надомест. Моментално се наоѓа во притвор.