В недела отворање на Фудбалската Академија „Вардар“

За прв пат во историјата на македонскиот фудбал, ФК „Вардар“ со гордост го најавува својот наследник – Фудбалската Академија „Вардар“. Свечено ќе биде отворена на 15 мај (недела) вo 13 часот. На отворањето ќе бидат присутни 1000 дечиња од Академијата и регионалните школи со своите родители. Објектот свечено ќе го отвори сопственикот господин Сергеј Самсоненко.

Истиот ден ќе биде поставен и камен-темелник на вториот дополнителен објект кој ќе ја надополни како целина Фудбалската Академија. Истиот ќе располага со фан шоп на ФК „Вардар“, музеј за спортскиот клуб, кантина за релаксација на родителите и подземен паркинг. На локацијата е предвидено соодветно партерно решение со патеки, ознаки, осветлување итн. Осветувањето на објектот ќе го изврши поглаварот на МПЦ, Господин Господин Стефан.

Сите услови што ги нуди Академијата одговараат со високите стандарди на професионалните клубови од светски ранг. Академијата на ФК Вардар е подготвена за создавање на врвни фудбалери кои во иднина ќе ги гледаме во ФК Вардар, репрезентацијата на Македонија или во некои големи европски клубови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.