среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 54

Еве какви жени сакаат мажите според хороскопскиот знак!

horoskop-zene-profimedia_800

Последни вести

Овен

Нему му е важно да не мора да прави големи компромиси. Понатаму, потребна му е жена која ќе се прилагодува на него и на која секогаш тој ќе и биде на прво место. Тој потврдата за својата машкост ја гледа во тоа за неа секогаш да биде најубав, најзгоден, најпаметен и да е прв во се. Попрво ќе одбере девојка со помало искуство, која имала помал број емотивни партнери. Потребна му е жена која во секој момент ќе има доволно разбирање за неговиот темперамент и покрај која тој ќе може да биде „главата на куќата“. Овновите најмногу сакаат слаби девојки, црвенокоси или русокоси со сини или зелени очи.

Бик

На Бикот му е од големо значење неговата избраничка да биде добра во кревет, но и во кујна. Можно е кујната, сепак, да биде пресудната ставка. Потребна му е жена покрај која ќе има мир покрај која ќе може да ужива и да се опушти. Не сака девојки кои премногу зборуваат или креваат тензија за секоја ситница. Тој ќе одбере некоја слична на себе, со која ќе може да ужива во добро вино и разни специјалитети. Ако се омажите за Бик, вечно ќе се прилагодувате на неговиот испланиран и организиран живот. Тие сакаат средени девојки, кои добо мирисаат, нашминкани, со стил и добра гардероба. Ако имате некој килограм вишок, тоа сигурно нема да им пречи – Биковите сакаат жените да бидат женствени и со облини.

Близнаци

Ова е знак кој првенствено бара забавна жена која има смисла за хумор. Нему му е потребно покрај својата избраничка да се чувствува помладо од своите години. Ао сте подготвени на живот полн со разни промени и авантиру, тој е вашиот идеалне партнер. Досадните приказниза обврските и финансиите ни малку не го возбудуваат. Потребна му е насмеана жена, секогаш полна со оптимизам и детска наивност. Близнаците, како и Овните повеќе сакаат послаби девојки, но немаат некој одреден тип на девојки, со оглед на тоа дека сакаат да „шараат“ и би пробале се.

Рак

Тој бара жена која ќе му удоволува и која во разни ситуации би му била „втора мајка“. Потребна му е заштитнички настроена партнерка покрај која ќе се чувствува безбедно, меѓутоа тоа да не ја намали неговата мажественост. Ако не се согласувате со неговата мајка или сестра, можете да заборавите на оваа врска. Идеалната жена мора да биде во добри односи со семејството кое за него е на првото место. Тој беднаш ќе почне да зборува за деца и создавае заедница ако ве сака икрено. За Раковите е важно да бидете добар готвач, но поважно од тоа е да сте му топла како личност. Раковите преферираат девојки со облини, а градите им се особено важни. Неретко бираат партнерки со посветла боја на коса и очи.

Лав

Ако планирате да се омажите за Лав, подгответе се да бидете вечна публика. Нему му е потребна жена која секогаш ќе има доволно внимание за него и неговите разни претстави. Некогаш ќе има повеќе барања од дете, константно ќе треба да му угодувате со бројни итници. Сепак, многу е галантен и великодушен, па од друга страна тоа ќе ги надомести „мааните“. Потребна му е патнерка која е топла и емотивна, Лавовите не сакаат фригидни и ладни жени. Лавовите бираат атрактивни девојки, а не им се непознати и девојките со силикони или вештачки додатоци како коса, нокти…Важно е да им го привлечете вниманието на сите во негова близина, за да посака да ве освои, како трофеј.

Девица

Тој бара совршена жена без маани. Не се пронајдовте, нели? Токму затоа Девиците често остануваат сами. Ако сте се заинатиле да се омажите за него, тогаш ќе мора да се потрудите да бидете што е можно поблиску до совршенството, односно до неговата визија за идеална сопруга. Во тоа спаѓа секако и готвењето, пеглањето, средувањето на домот, како и тоа секогаш да бидете чисти и уредни. Девиците не ги привлекуваат претерано наметливи партнерки и попрво ќе одберт слатка и харизматична, помалку срамежлива девојка, поситна или секако соодветна на градбата на телото.

Вага

Во некои моменти ќе ви изгледа дека е поизфеминизиран од вас, но тоа никогаш немојте да му го признаете ако сакате да биде среќен. Потребно е да му гледате на него со воодушевување, особено на неговиот стил, облеката, убавината. Неговата колекција на парфеми секако ќе ја засени вашата, тоа прифатете го на старт. Мажот Вага бара убаво воспитана, градициозна и женствена партнерка со манири. Нему му е поважно да имате стил отколку убаво да готвите. Не го привлекуваат девојки кои изгледаат „евтино“, туку оние кои имаат мерка во се. Кај неговиот тип на девојка се мора да биде на свое место, поважно му е да имате соодветна градба на телото, отколку на вас да види големи гради или задник.

Шкорпија

За да ја задоволите Шкорпијата, потребно е да бидете бескрајно имагинативни, подготвени за авантури, простување, но и секогаш заинтересирани за неговата омилена рекреација – сексот. Нему му е потребна жена која умее да ги задоволи сите негови апетити. Многу е љубоморен и посесивен, но тоа не мора отворено да го покаже, па ќе мора да научите да баласирате во разни ситуации. Тој не простува. Му се допаѓаат „огнени“ девојки, кои се страствени и зрачат со некоја посебна енергија. Нему му е поважна харизмата и сексипилот од физичкиот изглед.

Стрелец

Нему му е потребна партнерка, која во секој момент ќе има доволно толеранција и разбирање и покрај која тој ќе секога ќе ја има својата слобода. Заборавете ја љубоморате. Никако немојте да се обидете да го контролирате него или неговата одлука, бидејќи тоа нема да ви го дозволи, а таа и најлесно ќе го оттргнете од себе. Во суштина, за него идеална партнерка е онаа која може да биде покрај него кога му треба, но која нема да му пречи да го живее својот живот онака како тој сака. Го привлекуваат високи, долгоноги девојки, со виткана руса или посветла коса.

Јарец

Нему му е потребна бескрајно трпелива партнерка. Тој за врска се одлучува и бавно и тешко, а за брак воопшто да не зборуваме. Ако сепак реши да се ожени со вас, ќе мора да се вклопите во неговиот веќе добро подготвен животен план. Мора секако да му се допаѓате и на неговото семејство. Нему му е најважно да ги поддржувате неговите амбиции и да имате разбирање и за оние денови во кои работата му е приоритет. Ако вам не ви пречи мажот речиси никогаш да не ви покаже емоции и наклонетост, Јарецот е идеален сопруг за вас. Ги привлекуваат послаби девојки, често и малку повозрасни, со темна боја на коса или очи. Лесно ќе ги воочат и оние девојки со помалку груби црти на лицето, како голем нос и слично.

Водолија

За да ве цени како сопруга, тој прво мора да ве цени како свој машки пријател. Ако ве гледа само како девојка, брзо ќе го изгубите. Ќе ја ожени ожени онаа која на прво место ќе му биде пријател, но и ќе биде доволно вешта да се прилагоди на неговиот авантуристички стил на живот. Потребна му е жена која ќе ги почитува неговите идеали и ќе се согласува со неговите уверувања. Прифатете го тоа дека секогаш повеќе им помагаат на другите отколку на себе. Потребна му е жена со широ поглед кон светот, некоја необична, а не само некоја која ќе му ја средува куќата и ќе му ги пегла алиштата. Водолијата нема некој одреден тип на девојки, него го привлекува вашата насмевка и харизмата.

Риби

Нему му е потребна уметничка душа која ќе го разбира и со која секогаш ќе може да мечтае и да ги споделува своите идеи до рани зори. Ако се обидете да го приземјите или да го вратите во реалноста, нема да му бидете интересни. Не сака песимисти и ладни личности. Потребна му е жена која ќе верува во него и кога никој друг не му верува. Потребна му е комплетна личност која е му дава стабилност, но и доволна слобода да замине. Ако покрај вас имал се – секој пат ќе се врати. Тој бара и жена која ќе биде добра мајка за неговите деца, тоа му е ногу важно. Мажите Риби сакаат необични девојки, кои секогаш имаат нешто пецифично на себе, со посебен стил на облекување и оригинален начин на размислување. Вашата душа му е поважна од вашето тело.

Најчитани вести