сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Откако претепаниот пред ноќниот клуб „Мистик“ почина, насилникот сам се пријавил во полиција

mistik

Последни вести

Насилникот кој пред ноќниот клуб „Мистик“, поранешна „Деспина“, брутално го претепа Славе Бирачевски (30) од Скопје, кој два дена подоцна почина на Kлиниката за неврохирургија, сам се пријавил во Полициската станица Kисела Вода и го признал делото. Според полицијата, станува збор за С.Р. (30) и против него поднела кривична пријава за тешка телесна повреда со последица смрт, пишува Дневник.

На крвавиот инцидент што се случил пред влезот на ноќниот клуб „Мистик“ му претходела расправија меѓу Славе и С.Р. Имено, околу 4 часот Славе и неговиот другар го напуштиле локалот, но кога излегле од клубот и се упатиле по улицата, забележале тепачка.

Насилникот ги забележал двајцата и им рекол да не се доближуваат бидејќи имало тепачка, но Славе му се спротивставил и не го послушал по што отишле на местото каде што била тепачката.

По неколку минути, двајцата се вратиле повторно кон „Мистик“, но набргу биле пресретнати од С.Б., кој го нападнал Славе удирајќи го со клоци и тупаници по телото и главата. Од ударите Славе паднал и со главата удрил во бетон. Од ударот останал да лежи облеан во крв и во бесвест.

По насилството, напаѓачот влегол во автомобилот и избегал. Набргу тешко повредениот се освестил, а неговиот другар го качил во автомобил и го однел во Ургентниот центар. Лекарите од Kлиничкиот центар ја известиле полицијата. Инспекторите веднаш отишле во Kлиниката за неврохирургија каде што бил згрижен повредениот, а дежурниот лекар ги известил дека има тешки повреди, односно фрактури на главата.

Од добиените повреди Славе починал во вторникот на Kлиника за неврохирургија.

Истиот ден насилникот разбрал дека починало момчето што го истепал. Потоа отишол во ПС Kисела Вода и го признал делото. Насилникот бил препознаен од двајца сведоци на настанот во присуство на јавен обвинител.

Најчитани вести