Заев се сретна со Хајндл

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придужуван од заменик претседателската Радмила Шекеринска, денеска се сретна со германскиот сепцијален пратеник, Јоханес Хајндл, во рамките на неговата дводневна посета на Република Македонија.

На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во Македонија и длабоката политичка криза, како и за стратешките цели на земјава на патот кон ЕУ и НАТО.

Главна тема на разговорите биле модалитетите за свикување на Собранието и одложување на изборите, како и начинот за поништување на одлуката на Горге Иванов за аболиција.

Заев посочил дека СДСМ останува посветена на процесот за враќање на слободата, демократијата и правдата во Македонија.