Експертите со поддршка за греењето на пелети

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски пред неколку дена ја најави новата мерка со која ќе се исплаќаат субвенции на сите оние домаќинства кои ќе се одлучат да се греат на пелети.

Освен што ова за граѓаните ќе значи финансиски заштеди, во голема мера ќе се одрази и на заштитата на животната средина.

Државната секретарка во Министерството за животна средина, Соња Лепиткова детално ги образложува притобивките од овој важен проект.

-Исклучиво позитивен проект за животната средина, еколошки исклучиво поддржан и тоа е нешто што мене посебно ме радува затоа што една година Комитетот за здравје и животна средина работеше на анализа за да може да дојде до овие податоци кои ќе бидат применети, односно отсликани во еден ваков проект и мерка која ја промовираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Никола Груевски за субвенционирање на граѓаните за набавка на печки кои согоруваат пелети за 70 проценти учество од државата, а исто така ќе се субвенционира и намалување на ДДВ-то од 18 на 5 отсто за набавка на пелетите. Ова е еден од најважните проекти во сферата на животната средина, посебно на воздухот како еден од најважните медиуми што покажува дека со години наназад загадувањето во Скопје, Тетово, Кичево доаѓа пред се од типот на греење односно 70 проценти од загадувањето на воздухот со ПМ честички доаѓа од начинот на загревање, односно од горење на дрвна маса, јаглен, нафта и други извори на енергија. Гасот е оној енергенс кој нуди најенергетски чиста животна средина односно чист воздух меѓутоа во светот посебно во Европа пелетите се тие кои покажаа дека воздухот за 20 пати може да биде поефикасно односно намалена концентрацијата на честички ако се грееме на пелети отколку ако тоа биде на дрво кое што е конвенциопнално, рече Лепиткова за КУРИР.

Она што е многу важно е дека освен надворешната, со ваков тип на греење се заштитува и внатрешната средина во нашите домови. Лепиткова вели дека јаглерод моноксид кој се испушта влијае за низа белодробни заболувања кои се почесто се изразени кај граѓаните.

-Навистина ова е една многу корисна мерка во поглед на заштитата на животната средина кажува дека и пепелот кој што ќе остане од согорување на еден тон на пелети се движи само 10 килограми. Секој домаќин знае колку дневно треба да исфрли пепел ако се грее на конвенционална печка. Ако грееме на пелети веќе ќе немаме црн чад во воздухот, туку чадот кој доаѓа од тие печки на пелети речиси и не се гледа во воздухот, рече Лепиткова.

Професор доктор Дејан Мираковски, факултет за природни и техички науки во Штип вели дека сите досегашни мерења, а вообичаено во Скопје и во другите градови, укажува дека доминантно загадување во урбаните средни е токму загадувањето од дрвата.

M

-Сегашните системи кои ги користиме во Македонија се од релативно стара конструкција. Значи се користат печки со отворени ложишта без некакви контроли за согорување и нормално, нивните емисии се повисоки. За разлика од нив, системот за пелети е понов и конструктивно како решение и најчесто доаѓаат со солидна автоматизација на процесот на согорување, има и автоматски полначи и така натаму. Тоа е добро и за комфорот за користење, но е и одлично за емисијата на цврстите честички во воздухот. Да бидеме поконкретни, последните мерења на системи со пелети и системи со отворени ложишта какви што користиме ние, како што се камините или старите печки кои немаат никаква контрола на емисија за контрола на ефикасноста на согорување, бројките се на пример современ бојлер на пелети 5 милиграми на мегаџул топлинска енергија којашто ја генерира. Од 5, па до 30-40 милиграми на мегаџул топлинска енергија, во зависност од системот којшто се користи и од зависност од видот на пелети коишто се користи. Од друга страна, отворените ложишта почнуваат од 150, па може и до 5.000 милиграми на мегаџул. Се работи за многу различни степени на емисија, многу поголема е емисијата кај системите со пелети и што е многу поважно, системите со пелети се во многу тесен простор, значи од 5 до 30 се движат во зависност од системите. И ретко имате проблем со тие системи ради автоматизираноста и слично. Печките, посебно ако не се користи добро гориво, ако се работи за стара печка или непречистени оџаци, може да имаат значајни емисии. Бројката на намалување на емисиите може да биде и многу поголема, да кажеме 1:5, 1:20. Се надевам дека ќе има многу позитивни ефекти, посебно за урбаните средини каде што доминантно е загадувањето од резиденцијалните објекти и начините на живеење, рече тој за КУРИР.