сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Шеесет белгиски војници осомничени како радикализирани муслимани

Последни вести

Белгиските медиуми, повикувајќи се на информации од министерот за одбрана, Стевен Вандепјут пишуваат дека вкупно 60 војници од армијата на земјата се осомничени како радикализирани муслимани.

Тие војници се под присмотра на военото разузнавање, јави БТА. Од нив 55 се војници и петмина се подофицери.

Досега ниту еден војник од вкупно 30.000 не бил отстранет од служба поради радикален ислам.

Локалните медиуми јавуваат и за проверки во однесување на лица вработени во белгиската железница. Неодамна беше соопштено и за случаи на радикализирани вработени во аеродромот во Брисел, во градскиот транспорт па дури и во компаниите за чистење уличен смет.

Најчитани вести