Малолетничка од Гостивар тешко повредена во сообраќајка

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа во Гостивар, при што тешко повредено е четиринаесетгодишно девојче.

До несреќата дошло кога се судриле автомобил и мотор.

Од полицијата информираат дека сообраќајна несреќа е регистрирана на крстосница помеѓу ул.„Браќа Ѓиноски“ и ул.„Кеј Братство и Единство“ помеѓу автомобил марка „Форд Екскорд“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.С. (23) од Гостивар, и мотоцикл „Даеву Скај Го“ без регистарски ознаки, управуван од шеснаесетгодишник од Гостивар.

Во незгодата со тешки повреди се здобила 14 годишната сопатничка на мотоциклот од Гостивар. Истата била пренесена во Медицински центар-Гостивар, од каде поради сериозноста на повредите е пренесена во Клинички центар-Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.