Полицаецот прегазен од возило кое се обидел да го запре

Полицаец е удрен од автомобил вчера попладне на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, при обид да го запре.

Со возилото марка „форд мондео“ управувал Ј.К. (35) од Тетово кој прво го напуштил местото на несреќата, но потоа бил фатен и приведен.

Полицаецот е пренесен во Клиничката болница – Тетово каде му се констатирани телесни повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.