ФОТО: Се чистат спомениците оштетени од демонстрантите на СДСМ и СОРОС

Службите на Град Скопје денеска започнаа со чистење на културните обележја кои веќе неколку недели се мета на демонстрантите на Шарената револуција организирани од СДСМ и СОРОС, кои ги уништија со боја.

Бојата излегува тешко, за она што е уништено ќе биде потребен труд и време за да се доведе до нормален изглед, а токму затоа десетици граѓанки излегоа да им помогнат на службите во чистењето на спомениците во главниот град.

Жените на себе носеа маички со пораката „Не ме фарбај“, а испратија уште една порака.

-Пораката до сите е да не се оштетува културното наследство она што треба да остане за понатамошните генерации. Спомениците се за нас и за странците кои доаѓаат да ги видат. Градот треба да биде убав и чист.

Покрај спомениците во Жена Парк се чистеше и Порта Македонија, како и лавовите на мостот „Гоце Делчев“.

 

1

3

4

5

boja6