Колку ја чини државата вандализмот на СДСМ и Сорос?

Ангажирани сервиси, но и граѓани вчера ги чистеа спомениците кои беа мета на вандализам и сквернавење од страна на протестантите на СДСМ и Сорос кои истите ги фарбаа со боја. Граѓаните кои вчера се приклучија кон чистење на спомен обележјата носеа маички со порака „Не ме фарбај“ истакнувајќи дека не треба да се оштетува културното наследство бидејќи тоа е она што треба да остане за понатамошните генерации, а градот треба да биде чист и убав.

porta1

Вандалите на СДСМ и СОРОС според досегашните проценки имаат направено штета од околу 200.000 евра. Толку државата треба да плати за да се санираат штетите, пишува Курир.

Штетата направена врз Порта Македонија само после првиот удар на боја беше околу 15.000 евра. Овој износ сега дополнително ќе се зголеми бидејќи Порта Македонија е многу повеќе уништена.

ivanov-kanc-zapalena-640x360

Првичните пресметки говорат дека врз Министерството за култура е направена штета од околу 30.000 евра, УЈП околу 5.000 евра, врз Министерството за економија првично пресметана е штета од околу 2.000 евра. Штетата, пак, направена врз Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов на Рекорд е 8.500 евра.