среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 63

Родители од Илинден револтирани: Ременски кочи отворање на детска градинка

remenski

Последни вести

Жителите на општина Илинден денеска преку протест го искажаа својот револт кон техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, која се уште го нема потпишано решението за почеток со работа на детската градинка „Гоце Делчев“, која ги исполнува сите стандарди и е целосно подготвена за стартување.

Родителите велат дека биле доволно трпеливи и јавно ја прозваа Ременски да им одговори зошто се уште не го потпишала решението за вршење должност и до кога ќе се пролонгира отворањето на новиот дел на детската градинка „Гоце Делчев“.

-Детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден е подготвена да прими нови 170 дечиња, опремена е со седум нови занимални, но се уште се чека на потпис на решението за почеток на вршење на дејност од страна на техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, велат тие.

Покрај родителите на дечињата поради опструкцијата на Ременски револтирани се и останатите жители на општината.

И додека трае сагата на родителите, дечињата кои се запишани во градинката „Гоце Делчев“ наместо да се социјализираат со своите врсници, остануваат дома.

 

Најчитани вести