петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 0

Снег во Црна Гора

Во Плевља паѓал умерен или силен снег, каде е измерена температура од само еден степен над нулата.

Снег во Црна Гора

Снег во Црна Гора

Последни вести

Жителите на градовите во северниот дел на Црна Гора утрово ги изненадил снег, кој не е вообичаен за овој период од годината.

Снегот во северниот дел од земјата го најавиле метеоролозите, а според податоците на Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија, во Плевља паѓал умерен или силен снег, каде е измерена температура од само еден степен над нулата.

Метеоролозите денеска прогнозирале нестабилно време. Ќе биде облачно, со повремен дожд и грмотевици, а во утринските часови на повисоките места во северниот дел на земјата ќе има снежни врнежи.

Стабилизирање на времето се очекува од среда.

Најчитани вести