Колку често жените мастурбираат?

Колку често жените мастурбираат?
Колку често жените мастурбираат?

Истражувањата покажуваат дека жените постари од 18 години, барем еднаш во животот мастурбирале. А колку често всушност мастурбираат тие?

Веб-порталот „Five Thirty Eight“ ги анализирал податоците од Националната анкета за сексуално здравје и однесување, која ја спровел Универзитетот во Индијана, за да креира табела која илустрира колку често мастурбираат жените, а колку мажите.

Истражувањето покажало дека се` зависи од годините. Анкетрани биле повеќе од 5.865 Американци на возраст од 14 и 94 години.

Без оглед на тоа што мастурбацијата е нормално, здраво и неверојатно задоволство, се уште мораат да се разбиваат табу темите поврзани со жените и мастурбацијата.

Ова истражување го потврдило и тоа што веќе оддамна е познато – мажите мастурбираат многу повеќе од жените.

Се испоставило дека и мажите и жените мастурбираат најмногу од 25 до 29 години, со тоа што само 5% од жените мастурбираат повеќе од четири пати неделно, а дури 20% од мажите.

Само 7,9% од жените на возраст од 25 до 29 мастурбираат два до три пати неделно, додека истото го прават 23,4% од мажите на таа возраст.

Мона Чалаби, од порталот „Five Thirty Eight“ истакнува дека жените потешко се одлучуваат на мастурбација и дека и понатаму постои голем јаз помеѓу половите кога се работи за мастурбација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.