понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 60

Следните неколку месеци ќе бидат најтопли во последните 130 години

Петтиот извештај на ОН за проценка на меќувладната група за климатски промени јасно укажува дека човечкиот фактор е пресуден за промената на климата.

toplo-vreme

Поврзани вести

Според најновите информации кои ги објави НАСА, април оваа година е шести месец по ред со температури мерени на глобално ниво, повисоки од просекот.

Имено, температурите во април биле повисоки за еден процент во однос на просекот кој опфаќа мерење во период од 1951-1980.

Април со толку високи температури најавува мошне топла 2016 година. Се предвидува неколку ммесеци да имаат абнормално високи температури кои не се забележани во последниве 130 години. Еден од експертите наведе дека следната недела НАСА ќе објави податоци  кои укажуваат дека последните 12 месеци температурата на глобално ниво ги оборила сите рекорди, пренесува британски Independent.

„Ова е застрашувачки. Не можам да предвидам  што ќе се случи следно. Знаевме дела Ел Нињо ќе има влијание на климата, но никој не очекуваше ваков скок“, вели метереологот Ерик Холтхаус. Тој исткнува дека резултатите на мерењето покажуваат дека температурата на глобално ниво пораснала за 25 отсто во споредба со 1880 година, од кога се вршат мерења.

Холтхаус истакнува дека порастот на температурата има последици на животната средина и додава дека нивото на мраз во океаните ова лето ќе биде многу ниско. Во меѓувреме, околу четвртина на сите корални колонии во океаните претрпе избелување поради топлите води и зголемена киселост на морето. Рекордните температури ќе се задржат во наредните четири до шест месеци.

Повеќето експерти веруваат дека човечката активност има сериозно влијание на промената на климата на планетата. Петтиот извештај на ОН за проценка на меќувладната група за климатски промени јасно укажува дека човечкиот фактор е пресуден за промената на климата.

Најчитани вести