Исчезна пејачката Шинед О’Конор

Исчезна ирската пејачка Шинед О’Конор, која за последен пат била видена вчера наутро во предградие на градот.

О’Конор со велосипед го напуштила домот и оттогаш не е видена, пренесува „Би-Би-Си“. Полицијата од Вилмет соопшти дека има потрага по 49-годишната пејачка, откако таа не се вратила дома по возењето со велосипед.

Полицијата соопшти дека постојат основи за сомневање дека таа е во опасност и дека можеби планира самоубиство. Исчезнувањето го пријавиле некои од нејзините пријатели и роднини.

Ирската пејачка е мајка на четири деца и баба на едно внуче.