Вчера во Скопје седум сообраќајки

Како што информира за МИА Сашо Дамјановски главен инспектор од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Дванаесет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, пет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор и шест возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Затекнати се и 10 лица со необновена регистрација на возилото, двајца пешаци сториле прекршоци по разни основи и 17 возила непрописно паркирани.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 32 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници во автобус на ЈСП со учениците од трето одделение во „Јан Амос Коменски“ и едукативна работилница со учениците од второ одделение во ОУ „Крсте Мисирков“, општина Гази Баба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.