Вкупно 1.153 мигранти се спасени покрај брегот на Италија

Италијански, ирски и германски бродови, како и спасувачки чамци на организациите „Лекари без граници“ и „СОС Медитеране“, извршиле 11 одделни спасувачки операции.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) од почетокот на годинава во Италија пристигнале околу 31.500 мигранти. Со подобрување на временските услови мигрантскиот бран се зајакнува. ИОМ наведува дека од 5 до 12 мај пристигнале над 2.600 лица, што е 68 отсто повеќе отколку во претходните седум дена.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.