Бензинот од денеска со нова цена

Согласно најновата одлука на регулаторната комисија, еуросупер бс-95 се продава по цена од 62 ден/лит, а еуросупер бс-98 по цена од 64 ден/лит.

Цената на дизелот останува иста и изнесува 47 ден/лит, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство е 35,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,929 ден/кг и од денеска се продава по цена од 19,464 ден/кг.

Новите цени се во согласност со повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период, како и понискиот курс на денарот во однос на доларот.