Ново Маало утре без вода

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е отстранување дефект на затварач со пречник од 200 милиметри на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ бб, кај „Веро Џамбо“.

Корисниците ќе бидат без вода за пиење се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ не ги завршат на работите.