Научници од Америка го клонираа вирусот зика

Група научници од Универзитетот на Тексас успеа да го клонираат вирусот зика, што претставува важен чекор во напорите за добивање на вакцина против инфекцијата што тој ја предузвикува, јавија американските медиуми.

Научниците сметаат дека со помош на клонираниот вирус можат да бидат инфицирани комарци, кои потоа би предизвикале инфекција кај лабораториските глувци. Овие експерименти би можеле да бидат клучни за производството на вакцина против зика, наведува стручниот магазин „Сел Хост енд Мајкроб“.

Во досегашните истражувања научниците успеаја да ја откријат стукрурата на вирусот, но ова е првпат тој да биде клониран во лабораториски услови.

Можноста за користење на клонираниот примерок на вирусот зика ќе придонесе и за унапредување и тестирање на ефектите на антивирусните лекови, сметаат научниците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.