Најискрен хороскоп : Стрелец е лицемер, а водолија себична

Ован

Само вие продолжете да живеете во убедување дека сте безгрешни… Мислите дека секогаш сте во право, а всушност сте болно посесивни и лицемерни. На другите им ја ограничувате слободата, а својата себично ја браните. Во вас нема ни трунка нежност.

Бик

Вие сте досадни до граница на неподносливост, а и понатаму. Кога имате некаква цел, вашата упорност ги убива луѓето во поим. Кога сте лути, тотално полудувате и во состојба сте со своите рогови да пробиете и челик. Тие налети на бес треба да се стретираат со стручен надзор во лудница.

Близнаци

Најобични предавници и озборувачи. Вашиот живот не би имал смисла без интриги и сплетки. Површни сте и само барате некого што ќе се грижи за вас бидејќи не сте способни самостојно да живеете.

Рак

Ах, осветољубиви гадови. Живеете според принципот „кој чека, ќе дочека“, а кога еднаш ќе дочекате можност за освета, се претворате во монструм и садист.. Мошне добро знаете да ги наплатите пролиените солзи.

Лав

Арогантни, нарцисоидни, полни со себе – да, тоа сте вие. Посакувате внимание, како болните што го посакуваат сонцето, а всушност сте искомплексирани и кутри.

Девица

Потполно сте опседнати со чистотија и уредност- но, не во позитивна смисла. Ги полудувате сите околу себе и луѓето не сакаат да ви доаѓаат на гости. Кај вас и љубовта е пресметана, студени сте и бесчувствителни.

Вага

Вие сте мрзеливи до таа мера што ви е тешко да одите и до тоалет. лажете и ги избегнувате обврските, а при тоа сте и иритантно неодлучни.

Шкорпија

Вие живеете за освета. Ужасно сте деструктивни. Кога нешто не ви оди како што сте замислиле, подготвени сте се да уништите, а кога тонете, себично повлекувате се со себе.

Стрелец

Лицемер. Преполни сте со пороци, но сеедно глумите морална вертикала и на сите околу себе им држите проповеди. Емоционално сте мошне нестабилни и никогаш не знаете што сакате.

Јарец

Терач на робови. Потполно безчувствителни и себични. Дури и вашите најблиски понекогаш се прашуваат имате ли вие чувства. За успех и кариера и родената мајка би ја продале, а емоционално сте потполно неписмени.

Водолија

Себични до крајни граници. Мислите само на себе и никогаш не се откажувате од вплеткување во туѓите животи. За се ги обвинувате другите, бидејќи вие, се разбира, сте совршени.

Риби

Толку кукате и се жалите што веќе помалку им се гадите на луѓето. Сфатете дека самосожалувањето нема да ви помогне. Не сте способни за самостоен живот бидејќи вие само кукате наместо да преземете нешто. Ох, а кога треба да се соочите со проблемот, едноставно бегате. Вие сте најобична кукавица.