Неверството му е во вените: Овој хороскопски знак е најголем прељубник

Тој не изневерува поради каприц, туку само ако е во лоша врска што не го прави среќен. Судејќи според резултатите на неодамнешните истражувања, асполутен шампион во неверствата е Стрелецот. Многумина се изненадени од овој податок затоа што стрелците ги бие глас дека се мошне лојални и верни партнери.

Можеби токму поради тоа нивните мотиви за прељуба никогаш не се површни. Истражувањето покажа дека Стрелецот не изневерува од каприц, туку само ако е во лоша врска што не го прави среќен.

Интересно е тоа што страствените Скорпии според резултатите се на последното место на листата на прељубници. Имено, тие „не стигнуваат“ да ги изневерат нивните партнери затоа што почесто нагло ги напуштаат заради потенцијалната нова љубов што веднаш сакаат да ја реализираат.

Зошто Стрелците изневеруваат?

По природа е мошне лојален и често е тој тој што го изневеруваат, но кога ќе почувствува дека не е почитуван и дека целосно е занемарен во врската, од лутин почнува да размислува за тоа дали за него постои некој подобар. На тој начин себе си си го отвора патот за неверство.

Како да препознаете дали Стрелецот ве изневерува?

Тој инаку мошне е сталожен и подготвен на конструктивна расправа, но по неверството кај него можете да забележите зголемен „интерес“ за конфликти и кавги што не водат никаде. На тој начин го манифестира чувството на грижа на совеста што го обзема поради неверството.