петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 39

Најмалку 72 луѓе загинаа во три напади во Багдад

Нападот бил изведен од жена.

Најмалку 72 луѓе загинаа во три напади во Багдад

Најмалку 72 луѓе загинаа во три напади во Багдад

Последни вести

Најмалку 72 луѓе загинаа, а повеќе од 140 се повредени во денешните три напади во шиитските реони на главниот град на Ирак, Багдад.

Исламска држава презеде одговорност за самоубиствениот напад на пазар во шиитскиот округ Ал-Шаб, каде загинаа 38 луѓе, а повредени се повеќе од 70. Нападот бил изведен од жена.

Уште шестмина загинаа, а 21 се повредени во напад со автомобил-бомба во шиитскиот и сунитски јужен реон на Багдад, Ал Рашид.

Последниот напад изведен, исто така со автомобил-бомба се случи на пазар во шиитскиот округ Садр Сити, при што загинаа најмалку 28 лица, а 57 се повредени.

Припадниците на ИД во текот на минатата недела извршија напади во околината на Багдад при што загинаа најмалку сто лица.

Најчитани вести