четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Над 70.000 евра штетата од демолирањето на арената „Филип Втори“

Во демолирањето што се случи од навивачи на „Шкендија“, откако тој фудбалски клуб го освои националниот куп, се уништени над 300 столчиња, огромен дел од тартанот, кој поради оштетувањето веќе не е во употреба, гардероба, тоалети, тавани, дел од инсталациите.

Над 70.000 евра штетата од демолирањето на арената „Филип Втори“

Над 70.000 евра штетата од демолирањето на арената „Филип Втори“

Последни вести

Над 70 илјади евра изнесува штетата од демолирањето на Националната арена „Филип Втори Македонски“  по синоќешниот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Шкендија“ и Работнички“, информира денеска директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на државата  Цветко Грозданов.

Во демолирањето што се случи од навивачи на „Шкендија“, откако тој фудбалски клуб го освои националниот куп, се уништени над 300 столчиња, огромен дел од тартанот, кој поради оштетувањето веќе не е во употреба, гардероба, тоалети, тавани, дел од инсталациите.

Грозданов оцени дека синоќешното хулиганство  е  голема дамка  во историјата на македонскиот фудбал и апелира до организаторот, Фудабалската федерација на Македонија (ФФМ), и до учесниците на натпреварите, да не се повторуваат вакви случувања, а од медиумите поддршка, за, како што рече,  стопирање на хулиганството кај дел од навивачките групи со што се уништува државен имот.

стадион

 

– До ФФМ доставивме официјална претставка со укажување и разгледување на можноста дека на одредени фудбалски клубови кои ќе се однесуваат недолично и нивните навивачки групи ќе го оштетуваат државниот имот нема да им дозволиме да играат на арената „Филип Втори“.  Затоа апелирам до управите на клубовите да поведат сметка  во контролирање на нивните навивачки групи, рече Грозданов.

Врз основа на снимките од безбедносните камери,  укажа, ФФМ треба да покрене обвиненија против поединци за нанесување материјална штета на државен имот. Побарано е комесарот за безбедност да преземе поголема и посоодветна мерка на претпазливост при внесување распрскувачки материјали. На синоќешниот натпревар, наведе Грозданов,  е дозволено да се внесат над 500 парчиња пиротехнички материјали кои се фрлени на теренот.

Грозданов побара ангажман на полицијата, како што рече, до празнење на арената по натпреварите и најави дека ќе иницираат законско зголемување на казните  за да се спречи уништување државен имот на натпреварите.

– Го повикувам министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  во иднина да преземе мерки полицијата да остане не само до свирежот на судијата туку до завршување и празнење на арената за да се напушти безбедно, рече Грозданов.

Синоќешниот натпревар за националниот куп, посочи, ќе изгледаше величенствено доколку играчите беа поздравени и наградени, а не  навивачката група да се симне на теренот и да го уништи.

Најчитани вести