вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 31

„Ван Хол“ гради втора фабрика во Бунарџик, нови 450 вработувања

Камен-темелникот за инвестицијата во вредност од 17 милиони евра официјално беше поставен денеска, а според највите од потпретседателот на компанијата Филип Ванхол ќе се спроведува во три фази.

„Ван Хол“ гради втора фабрика во Бунарџик, нови 450 вработувања

„Ван Хол“ гради втора фабрика во Бунарџик, нови 450 вработувања

Последни вести

Нови 450 директни и 100 индиректни вработувања ќе овозможи изградбата на втората фабрика на Ван Хол во ТИРЗ Бунарџик со која двојно ќе се зголеми капацитетот на белгиската компанија. Камен-темелникот за инвестицијата во вредност од 17 милиони евра официјално беше поставен денеска, а според највите од потпретседателот на компанијата Филип Ванхол ќе се спроведува во три фази.

Во првата фаза што ќе заврши во септември годинава ќе се изгради магацинот, во втората фаза во април 2017 година е предвидено отворање на четири нови производствени линии со кои двојно ќе се зголеми капацитетот за производство на автобуси, а во третата фаза во август 2017 година ќе биде изградена дополнителна комора за фарбање автобуси.

ван хол

– Во октомври 2012 година ја почнавме изградбата на нашата прва фабрика во Македонија, а веќе во октомври 2013 година го испорачавме и првиот автобус. Досега тука имаме произведено 1.000 автобуси од кои 900 се извезени на американскиот, а 100 на европскиот пазар, рече Ванхол.

Тој прецизира дека во 2013 година од капацитетите на компанијата во Бунарџик биле произведени 30 автобуси, во 2014 година 300, лани 400, а за годинава се планира производство на 600 автобуси.

По завршувањето на новите капацитети, додаде, производството на автобуси ќе се зголеми на повеќе од 1.000 годишно.

– Поставувањето на камен темелникот на вториот производствен погон на компанијата Ван Хол во Македонија е уште еден доказ дека економските политики на Владата за привлекување странски инвестиции даваат резултати и компаниите ја препознаваат земјава како одлична бизнис дестинација, рече вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Тој ја истакна копанијата Ван Хол како позитивен пример за соработката помеѓу странските и домашните компании и нагласи дека имаат соработка со повеќе од 300 домашни фирми, а како конкретен пример ја посочи соработката со штипска Актива која како резултат на соработката во 2015 година отвори потполно нова фабрика во зоната во Штип со 300 вработувања.

– Компанијата со започнувањето на изградбата на својот втор погон покажува дека Македонија ја гледа како место во кое нејзините инвестиции се сигурни, а доказ за тоа е дека освен тука имаат производствени погони само во матичната земја, Белгија, нагласи Пешевски.

Вицепремиерот рече дека компаниите од ТИРЗ се особено важни  и додаде дека лани учествуваа со над 35 отсто во вкупниот извоз на земјава, а само од почетокот на годинава од овие компании е остварен извоз од 645 милиони евра. – Очекуваме позитивниот тренд во зголемување на извозот да продолжи и до крајот на годинава, рече Пешевски.

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо истакна дека во првата фаза Ван Хол инвестираше 25 милиони евра на површина од 39 илјади метри квадратни и го изгради производствениот погон кон крајот на 2013 во кој започна со производство на автобуси на кои пишува произведени во Македонија.

– Досега компанијата има извезено над 1.000 автобуси, а во процес на производство се 137. Компанијата првично планираше да креира 400 работни места, но денеска во неа се вработени 825 лица, рече Мизо.

Со изградбата на новиот производствен капацитет, потенцира, површината на компанијата ќе се зголеми повеќе од двојно, а бројот на производните линии ќе биде дуплиран со што ќе се зголеми производството на автобуси на годишно ниво, а бројот на вработените ќе достигне над 1.200.

– Во компаниите лоцирани во ТИРЗ до сега има 5.750 вработени. Прогнозите за оваа година се бројот на вработени во компаниите во зоните да надмнине 7.100, а за неколку години да достигне до 34.000, рече Мизо.

На поставувањето на камен-темелникот присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Најчитани вести