Вчера осум сообраќајки во Скопје

Како што информира за МИА главниот инспектор Сашо Дамјановски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Дваесет и шест возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, седум возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосници и четворица возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувале на возилото. Затекнати се и 43 непрописно паркирани возила, пет лица го управувале возилото без да поседуваат возачка дозвола и седум лица со необновена регистрација на возилото.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 68 возила.

Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје, со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници во автобус со учениците од четврто одделение во ОУ „Крсте Мисирков“, општина Гази Баба.