недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

Сообраќајка во Куманово: Повредени 9 лица, 7 годишно девојче пренесено во Ургентен

Страшна сообраќајна несреќа во која повредени се 9 лица, од кои седум годишно девојче потешко, се случи синоќа во Куманово.

soobrakajka-kumanovo

Последни вести

Според информациите од полицијата, несреќата се случила околу 20:40 на крстосницата со улиците „Октомвриска револуција“ и „Глигор Прличев“ и во истата учествувале „Шкода“, „Сеат Ибица“, паркиран „Пасат“ сите со кумановски регистерски ознаки и две деца пешаци.

Во несреќата осум лица, меѓу кои двајцата возачи, 20 годишната М.Л. и Н.Р. (18), како и пет годишно момче пешак се полесно повреди. На истите им е пружена лекарска помош во Медицинскиот центар во Куманово. Потешко повредено е седум годишно девојче, пешак, кое по укажаната лекарска помош во Куманово е пренесена во Ургентниот центар каде и е констатирана фрактура на черепот и се наоѓа вон животна опасност.

Над возчаите било извршено алкотестирано при што е утврдено дека во крвта на 20 годишната М.Л. која управувала со „Шкодата“ има присуство на 1,02 промили алкохол.

Сообраќајот бил во прекин од 21 до 1 часот по полноќ.

Најчитани вести