Пожар во канцеларијата на Пивоваров во МВР

Пред неполн час, вработените на повисоките спратови во зграда 1, таканаречена „министерска“ во кругот на Министерството за внатршни работи (МВР) ги вознемирила силна миризба на оган, објавува порталот „Журнал“.

Повикувајќи се на сопствени извори „Журнал“ пишува дека откако излегле во ходниците вработените увиделе дека димот излегува од канцеларијата на Владимир Пивоваров, еден од највисоките соработници на поранешниот министер од СДСМ, Оливер Спасовски. Загрижени влегле во канцеларијата и забележале дека гори хартија во корпата.

Неофицијално, дознаваме дека била повикана и внатрешна контрола за да се утврди што точно се уништува вон процедура.

Уште синоќа , откако Собранието ја прифати оставката на Оливер Спасовски, неговите соработници почнале чудно да се однесуваат, велат нашите извори. Биле забележани како изнесуваат ќеси од нивните канцеларии, по што си заминале со службените возила.

pivovarov
Владимир Пивоваров/фото: фокус.мк

Од МВР велат дека ќе биде направена детална проверка и ако се утврди дека е направено нешто надвор од законот, одговорните ќе бидат санкционирани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.