Скандал на Евровизија: Победничката песна изведена во мај минатата година?!

132
Скандал на Евровизија: Победничката песна изведена во мај минатата година
Скандал на Евровизија: Победничката песна изведена во мај минатата година

Не престануваат контроверзиите околу неодамна завршениот Евросонг и победничката на Украина, Џамала, Татарка од Крим.

Тензиите сè уште не се смирени, па така на интернет наводно се појавила снимка на која Џамала, победничката на овогодинашната Евровизија, ја изведува песната „1944“ во мај минатата година. Имено, песната „1944“ година зборува за советското протерување на Татарите од Крим на Сибир по Втората светска војна, меѓутоа, многумина не беа задоволни со овој исход. Русија негодуваше и оцени дека нејзината победа претставува победа на политиката.

Снимката неколку секунди откако станала вирална, е заклучена, но она што еднаш ќе отиде во етер, останува во етерот. Доколку ова се испостави дека е точно, на Џамала победата ќе ѝ биде одземена.

Правилата на Евровизија, меѓу другото, наложуваат песната со која натпреварувачот се претставува не смее да биде објавена пред 1 септември 2015 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.