Проектите за подобрување на животот на граѓаните продолжуваат

Проектите за подобрување на животот на граѓаните продолжуваат
Проектите за подобрување на животот на граѓаните продолжуваат

Во општина Илинден денеска се отвори нов дел од градинката „Гоце Делчев“, со капацитет за 170 дечиња. Инвестицијата, како што посочи министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, е 17 милиони денари.

Пуштањето на објектот во употреба беше опструиран од претходната техничка министрка Фросина Ременски, иако ги исполнуваше сите стандарди и е целосно беше подготвена за стартување.

На отворањето на градинката, освен министерот Спасов, присуствуваше и градоначалникот Жика Стојновски.

„Овој проект ќе им помогне на 170 семејстава од утре да можат своите деца да ги сместат во градинка со модерни услови. Со ова продолжува проктот на Владата на РМ за изградба на градинки во сите општини каде што има потреба. И понатаму продолжуваме со заложбата за остварување на проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните и детската заштита, за кориснците на пензии, за социјално ранливата категорија на граѓани, за поддршка на македонските компании и нивна стимулација, како и за создавање на нови мали бизниси“, посочи министерот Спасов.

диме2

Градоначалникот Стојановски истакна дека изградени се нови седум занимални, а во новите простории се вградени два вида инсталации на греење и ладење.  Првата е греење на алтернативни обновливи извори со користење на температурта на подземните води и вториот сисем е со користење на пелети.

диме

Објектот е целосно енергетски ефикасен.