Обвинение против 14 Косовци за финасисирање на тероризам

Косовското Специјално јавно обвинителство денеска соопшти дека покренало обвиненија против 14 лица осомничени за формирање криминална организација, која се занимавала со прибирање средства за финанска поддршка на терористички активности.

Обвинителството соопшти дека седуммина од 14-те осомничени, дополнително се товарат и за перење пари, пренесува МИА.

Според Обвинителството, обвинетите давале позајмици со високи камати на поединци од што оставрувале големи приходи.

Во соопштението на Обвинителство не се посочува за какви терористички активности биле наменети средства што ги прибирале обвинетите.