понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 32

Бинали Јилдирим кандидат за нов премиер на Турција

jildirim

Последни вести

Актуелниот министер за транспорт на Турција, Бинали Јилдирим ќе биде предложен како единствен кандидат за нов партиски лидер на владејачката Партија на правдата, а потоа ќе ја преземе и должноста премиер на Турција, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.

Се очекува Јилдирим, кој важи за близок човек на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, официјално да биде избран за нов лидер на АКП на партискиот Конгрес закажан за в недела.

По Конгресот на АКП, се очекува веќе в понеделник Ердоган на Јилдирим да му го довери мандатот за формирање нова Влада, во која според некои турски медиуми, моќниот ресор за економија би можел да го преземе актуелниот министер за енергетика и зет на шефот на државата, Берат Албајрак.

Јилдирим на должноста лидер во АКП и на местото премиер треба да го наследи Ахмет Давутоглу, кој на почетокот на овој месец поднесе оставка на двете функции, поради несогласувања со претседателот Ердоган.

Најчитани вести