Калвар: ИД подготвува нови напади во Франција

Припадници на Исламска држава подготвуваат „кампања од терористички напади“ во Франција, при што ќе бидат активирани бомби на места со многу луѓе, предупреди директорот на Генералната дирекција за внатрешна безбедност, Патрик Калвар.

– Очигледно Франција е најмногу под закана и ние знаеме дека ИД планира нови напади, посочи Калвар пред парламентарната комисија за одбрана.

Тој беше сослушан пред комисијата пред европското фудбалско првенство Евро 2016, чиј домаќин ќе биде Франција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.