НАТО договори продолужување на мисијата во Медитеранот

Министрите за надворешни  работи на 28-те земји членки на НАТО синоќа на средба во Брисел постигнаа договор за продолжување на мисијата на Алијансата во Средозменото Море. чиј цел е спречување на обидите на шверцерите на луѓе за префрлување на мигранти од северна Африка во Европа, пренесе МИА.

– Заклучивме дека Алијансата може да стори многу повеќе во Медитеранот, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по завршувањето на минситерскиот состанок.

Американскиот државен секретар Џон Кери од своја страна изјави дека НАТО може да и даде поддршка на мисијата „Софија“ на ЕУ, чиј цел е спречување на илегалниот мигрантски прилив кон Европа.

– Во денешната расптрава се покажа дека постои согласност НАТО да и помогне на Унијата, изјави Кери, додавајќи дека при тоа силите на Алијансата не би имале борбена улога.

Мисијата „Софија“ се спроведува во меѓународните води долж либискиот брег, бидејќи за акции во територијалните води на Либија и е потребно одобрение од Советот за безбедност на ОН, што ја намалува нејзината ефиканост,

Претстваници на ЕУ и НАТО велат дека би можеле да дејствуваат и во либиските територијлаи води, доколку тоа од нив го побара Владата во Триполи, кој ја има поддршката на ОН.