Подгответе уштипци со мелено месо

Ова е наш предлог за вкусен ручек – уштипци со мелено месо и слатки

Потребно:

600 грв мелено месо

4 јајца

100 мл газирана вода

4 лажици брашно

2 лажици масло

1/2 кесичка прашок за печиво

Половина  главица кромид

2 чешниња лук

Сол,бибер и мешан сув зачин по вкус

Масло за јадење

Подготовка:

Сите состојки стваете ги во сад и убаво промешајте за да се добие хомогена смеса. Оставете половина часа или повеќе во фрижидер. Со мало кафено лажиче од смесата правете уштипци и ставајте да се пржи на загреано масло. Пржете ги од сите страни, а потоа извадете ги на салафетка да се исцеди вишокот од маснотии.Послужете ги топли со салата.