ФЗОМ: Зголемено користењето на електронските услуги

Во рамки на унапредување и олеснување на комуникацијата помеѓу Фондот за здравствено осигурување и осигурениците, фирмите и здравствените работници, овозможивме сет од електронски услуги на порталот на Фондот со кои на брз, лесен и ефикасен начин осигурениците можат да ги остварат своите законски права без притоа да мораат да доаѓаат на шалтерите на ФЗОМ. 

Од воведувањето на електронските услуги, осигуреници, овластени лица и здравствени работници ги искористиле овие електронски услуги и поднеле барање од своите домови или работни места по електронски пат за остварување на одредено право.

Во прилог табела со најкористени електронски услуги на Фондот:

Untitled

Најкористена електронска услуга е за заверка на ортопедски помагала, која 9508 осигуреници ја искористеле и поднеле документи преку матичните лекари и лекарите специјалисти по електронски пат. Придобивките од електронските услуги кои ги воведе Фондот за здравствено осигурување се бројни и за осигурениците и за фирмите и за здравствените работници, при што нема трошење на време и финансиски средства за да се оди до подрачната служба на Фондот. Можноста за увид во сопствениот предмет, дали истиот е позитивно или негативно решен и кога ќе биде извршена исплатата доколку се работи за рефундација на средства е исто така една од бројните придобвки од електронските услуги.

Би сакале во оваа прилика да ги охрабриме осигурениците и компаниите и здравствените работници да ги користат електронските услуги на Фондот.  За поедноставно и точно информирање кои се потребните чекори и како да се користи електронската услуга, Фондот изготви видео туторијали, кои се краток и едноставен водич како чекор по чекор за начинот како да се користат електронските услуги на Фондот, осочуваат од ФЗОМ.