Грција ја затвори границата, цариниците штрајкуваат

Грција ја затвори границата, цариниците штрајкуваат
Грција ја затвори границата, цариниците штрајкуваат

Вработените во грчката царина од денеска почнаа да штрајкуваат. Границата е затворена, поради што утрово на Граничниот премин Евзони е регистриран голем застој на возила.  Очевидци посочуват дека на еден  час се пропуштаат само по неколку автомбили. Камиони не се пропуштаат.

Од граничниот премин Ники (Меџитлија) пак, во Грција може да се влезе само пеш. До недела на полноќ, нема да се пропуштаат ниту автомобили ниту камиони.

Тридневниот генерален штрајк е во организација на Федерацијата на цариници на Грција во кој учествуваат царинските служби на сите гранични премини.

Како што е најавено, штрајкот на грчките цариници ќе трае до понеделник, 22 мај.