сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 12

Хајндл: Партиските лидери да ги стават државните интереси пред партиските

hajndl

Последни вести

Специјалниот пратеник на Германија, Јоханес Хајндл по денешните средби во Тетово со лидерите на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи изјави дека партиските лидери треба да преземат одговорност и да ги срават интересите на државата пред партиските.

Хајндл по разговорите со Ахмети и Тачи во нивните партиски седишта, за медиумите само рече дека неговите ставови остануваат на линија на претходните соопштенија на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

За  средбата на Ханјдл со Али Ахмети, со соопштение се огласи ДУИ. Ахмети, како што информира партијата, го запознал Хајндл со последните случувања во земјата и ја поздравил одлуката на Уставниот суд по иницијативата на ДУИ која овозможи враќање на Собранието и откажувањето на изборите на неодредено време, како и за создадената законска можност за повлекување на одлуката на Иванов за помилување и гаранција за продолжување на работата на Специјалниот обвинител.

– Овие чекори ја вратија стабилноста и безбедноста и се предуслов за спроведување на реформите кои ќе доведат до веродостојни избори. Ахмети истакна дека Договорот од Скопје продолжува со полн капацитет, со специјален обвинител и независна изборна комисија, при што Владата ќе ги спроведе предвидените реформи со посветеност. Ахмети исто така ја посочи потребата за враќање на агендата за решавање на прашањето за името и го покани амбасадорот Хајндл и германската Влада енергијата да се фокусираат во тој правец, бидејќи сите нерешени прашања во земјата произлегуваат од овој проблем, стои во соопштението од ДУИ.
За политичката криза во Македонија Хајндл разговараше и со лидерот на ДПА Мандух Тачи. ДПА соопшти дека Тачи на средбата истакнал оти причинителите на кризата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ продолжуваат со еднострано и неодговорно однесување за прашања кои беа дел од преговорите и за кој требаше да се постигне консензус меѓу четирите најголеми политички партии, со посредство на претставници на ЕУ и САД.

– Тачи, исто така, рече дека за ДПА и Албанците, таквото однесување е неприфатливо, со што се продлабочува политичката криза, и се задушува евро-атлантската перспектива на земјата. Тачи рече уште дека единствен излез од оваа ситуација е продолжување на диалогот и спроведување на решенија кои произлегуваат од овој процес со посредување и гаранции на меѓународниот фактор, а со посебен акцент на решавањето на прашањето за името и меѓуетничките односи. Тачи го увери амбасадорот Хајндл дека ДПА ќе продолжи да биде дел од демократските процеси и евро-атлантската перспектива на земјата и силно ќе дејствува за да се промени оваа тешка ситуација во Македонија, се наведува во соопштението од ДПА.

Со средбите со лидерите на ДУИ и на ДПА, Хајндл ги заокружи разговори со потписниците на Договорот од Пржино.  За политичката криза во Македонија и можностите за нејзино надминување, спрецијалниот германски пратеник вчера во Скопје разговараше и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, како и со претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Најчитани вести