петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 20

Салах Абдеслам одби да зборува пред судот во Париз

Тој посочи дека Абдеслам се повикал на правото да молчи и распитот завршил.

Салах Абдеслам одби да зборува пред судот во Париз

Салах Абдеслам одби да зборува пред судот во Париз

Последни вести

Осомничениот за нападите во Париз во ноември минатата година, Салах Абдеслам денеска одби да зборува пред истражните судии, изјави неговиот адвокат Франк Бертон, пишува МИА.

Тој посочи дека Абдеслам се повикал на правото да молчи и распитот завршил.

Адвокатот наведе дека неговиот клинет подоцна може да побара да зборува, но не посочи точен датум.

Абдесалам, последниот преживеан извршител на нападите во Париз, во кои загинаа 130 луѓе, минатиот месец изјави дека сака се’ да објасни.

Бертон посочи дека Абдесалам е вознемирен поради деноноќното видеонабљудување на ќелијата, каде е затворен под строги безбедносни мерки.

Денеска беше првиот распит на Абдеслам откако минатиот месец беше екстрадиран од Белгија.

Најчитани вести