Го претепале, па го фрлиле покрај Дебарско Езеро

Го претепале, па го фрлиле покрај Дебарско Езеро
Вчера, околу 13 часот во Центар Жупа, додека Л.М.(57) седел на тераса од ресторан, со патничко возило „голф 4“, дошле Б.А., Р.В. и М.Д. сите од Дебар, физички го нападнале удирајќи го со тврди предмети по главата и телото, при што Л.М. паднал во бессознание.

МВР денеска соопшти дека потоа го ставиле во багажникот од патничкото возило и го однеле покрај брегот на Дебарско Езеро, каде повторно го тепале и го оставиле.

Тој од страна на полициски службеници е пронајден со видливи повреди по главата и целото тело.

Во полициската станица Дебар приведени се горенаведените лица, за настанот известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.