понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 5

По 10-ти пат, матурантите играа квадрил на плоштадот „Македонија“

парада

Поврзани вести

На плоштадот „Македонија“ по десетти јубилеен пат денеска се одржа „Матурска парада 2016“, а матурантите од Скопје точно напладне, заедно со своите врсници од повеќе градови од земјава и од Европа, го одиграа танцот „квадрил“ на звуците на штраусовата опера „Лилјакот“.

„Матурската парада“ ја отвори градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

-Матуранти, со завршувањето на средното обрзование, пред вас стојат многу можности, Ви пожелувам да ги искористите новите предизвици кои, искрено се надевам, ќе успеете да ги совладате со својот младешки елан, енергија и ентузијазам. Вие денеска, како учесници во интернационалниот проект „Матурска парада“ ќе се поврзете со уште стотици и илјадници матуранти од повеќе европски градови и ќе се приклучите  на новата армија млади луѓе кои ги следат новите текови на прославување, но и на обединување. Се надеваме дека Вашиот пример ќе го следат идните генерации матуранти, кои ќе ја продолжат традицијата и ќе ја пренесуваат пораката за мир и толеранција во светот. Ви пожелувам среќа и успех во чекорењето на патот кон светот на возрасните, во освојувањето на придобивките од личната и заедничката слобода, во славењето на младоста и уживањето во животот, истакна  при отворањето на манифестацијата градоначалникот Трајановски.

парада1

На годинешната „Матурска парада” во Скопје учествуваа повеќе од 1.000 ученици од 20 средни училишта во Скопје, како и матуранти од Охрид, Струга, Струмица, Валандово, Гевгелија и Неготино.

Пред започнувањето на танцот „квадрил“, матурантите положија заклетва за ненасилство и толеранција.

Организатори на годинешнава Матурска парада се Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во соработка со танцовиот клуб „Ритам плус“, а покровител на манифестацијата е Градот Скопје.

Поддржувач на оваа традиционална манифестација е Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.

Најчитани вести